• Софија ул. „Александър Пушкин“ 71
  • Софија бул. "България" 104
  • +359899325721
  • gderimachkovski@icloud.com
    • 20 СЕП 17

    Фимоза – тесна и вишок кожа врз главата на пенисот

    Фимозата претставува тесна и вишок кожа врз главата на пенисот која што пречи на ослободувањето на главата на членот за време на ерекција, а при потешки форми на заболувањето дури и без ерекција на пенисот. Претставува тесен склерозен прстен на препуциумот (кожата која што ја покрива глањата на пенисот) со загубена еластичност на кожата. Тие пациенти во обид да ја ослободат главата на пенисот на сила можат да си причинат т.н парафимоза (ослободување на главата до крај после што не е возможно да ја вратат назад). Таа е хитна состојба и треба да се побара медицинска помош за репонирање на препуциумот назад, после што следува оперативна интервенција – циркумцизија.

    Има две форми – вродена и придобиена.

    Лечење / оперативно отстранување – цирумцизија.

    Таа може да биде извршена класично со скалпле или со ЛАСЕР, т.н. ласерска циркумцизија. Послед отстранувањето, кожата се шие со конец што сам се ресорбира послед 14-21 дена.