• Софија ул. „Александър Пушкин“ 71
  • Софија бул. "България" 104
  • +359899325721
  • gderimachkovski@icloud.com
    • 22 СЕП 17

    Симптоми од долен уринарен тракт

    Симптомите од долен уринарен тракт вклучуваат:

    • полакиуриjа – чести позиви за мокрење преку денот
    • никтуриjа – чести позиви за мокрење преку ноќта (од моментот на легнување до моментот на будење ) > од 2 пати се смета како никтуриjа.
    • силни, позиви за уринирање
    • слаб млаз на урината при мокрење
    • прекинување на млазот
    • крв во урината
    • чувство за недоволно празнење на бешиката
    • испуштање на урина после силен, неконтролиран позив за уринирање
    • испуштање на капки поради преполнување на бешиката

    Причините за појавата на симптоми од долните мочни патиша се прикажани на следната слика:

    Класификација на симптомите од долниот уринарен трак

    1.Симптоми при полнење на бешиката: чести позиви преку денот и ноќта, хитни позиви за мокрење со или без испуштање на урина

    2. Симптоми при празнење на бешиката: тенок до прекин на млазот, потешкотии за започнување на мокрењето, акутно или хронично задржување на урина, лажно испуштање на урина

    3. Постмикциони симптоми (после мокрење): капки во крајот на мокрењето, чувство за неполно празнење на бешиката

    Според силата на изразените симптоми, истите можат да бидат групирани во три групи. Пациентите ги внесуваат симптомите во таблица, во т.н Меѓународен Простатен Симптоматски Индекс (International Prostate Symptomatic Index, IPSS)

    Меѓународен симптоматски простатен индекс