• Софија ул. „Александър Пушкин“ 71
  • Софија бул. "България" 104
  • +359899325721
  • gderimachkovski@icloud.com
    • 11 НОЕ 17

    Од нашите пациентите….

     

    Ми предлагаа оперативна интервенција, дури и отстранување на бубрегот! Д-р Деримачковски ми го скрши каменот со ЛАСЕР и ми го спаси бубрегот! На следниот ден бев спремен за работа!

    Звонко Лазарев 54 г. гр.Кичево, Р.Македонија

    Од две години знам дека имам камен во лев  бубрег, но досега не сум имал болки.

    Пред 1 месец добив напад со силна болка од левата страна на крстот. Ми направија ехо и  рентген слика на бубрезите, со што ми открија камен во лев уретер, голем околу 12 мм кој што го запушил левиот бубрег. Ми направија испитувања, после што ми препорачаа отворена операција за вадење на каменот дури и отстранување на целиот бубрег.

    Се консултирав со Д-р Деримачковски, кој што кога ги виде испитувањата, ми предложи да се скрши каменот со ЛАСЕР, ендоскопски, без оперативна интервенција и без отстранување на бубрегот.

    Така и направив. Се подложив на ласерски третман во Хил Клиника во Софија. На следниот ден бев дома и спремен за работа.